Романија, Унгарија и Турција може да разбијат историски малери

6789 Романија – Бугарија (20.30 часот)

Во овој дуел на балканските соседи, домашните влегуваат како фаворити на хартија и ова им е добра прилика да ја извојуваат првата победа годинава. Бугарите имаат серија од четири меча по ред без пораз. Последниот пораз на нашите источни соседи беше против Албанија лани во октомври. Бугарите во 2022 последен пат победија на гости, а на последниот меѓусебен дуел на Романија и Бугарија во 2015 година, исто така пријателски меч, немаше голови. Романија уште од 1989 година не победила против Бугарија.

Предлог тип: 1Х & 2-3 (2.23)

 

6790 Австрија – Србија (20.45 часот)

На средбата во Виена на трибините ќе има многу Срби, па нема да се знае баш кој е домаќин. Австријците се подготвуваат за настап на ЕП, исто како и Србите, станува збор за добри тимови, но ќе бидат некомплетни и шанса да се наметнат ќе добијат играчи кои се во втор план. Австрија има само еден пораз на последните 15 меча, и тоа од Белгија, во меч на кој Австрија даде два гола. Србите играат променливо. Последните меѓусебни дуели на овие селекции беа во квалификациите за СП 2018, тогаш Австрија дома победи со 3-2, а Србите дома славеа со истиот резултат.

Предлог тип: 13 I & 1-3 II (1.95)

 

6791 Република Ирска – Унгарија (20.45 часот)

Квотите за конечен тип кај овој пар најавуваат голема неизвесност. Нема фаворити, па ќе треба да се потпрете на претчувството. Ако се погледнат последните резултати на двата тима, во подобра форма е Унгарија која има три победи по ред. Ирците имаат црна низа од четири дуели по ред без победа и сите тие средби беа со 0-2 гола. На овие четири последни меча, Ирска даде само еден гол. Унгарија нема пораз уште од ноември 2022, кога беше поразена од Италија. Од последните четири меѓусебни дуели, дури три завршија со резултат 0-0. Поминаа дури 55 години од последната победа на Унгарија над Ирска.

Предлог тип: Х2 & 0-3 (1.77)

 

6792 Португалија – Финска (20.45 часот)

Тука е јасно кој е голем фаворит, на стадионот на Спортинг Лисабон и на гостите нема да им биде лесно против тим кој има 10 победи по ред дома и на сите тие десет меча даваше барем два гола. Двата тима ретко играат нерешено, последното реми на Португалциите беше точно пред две години во јуни 2022, а на Финците во ноември 2022 година. Овие селекции цели 13 години не играле меѓу себе, а Финска пред 18 години го постигна својот последен гол против Португалија.

Предлог тип: 1-1 & 3+ (1.84)

 

6712 Италија – Турција (21.00 часот)

На пријателските мечеви во прв план е воигрувањето, но никој не сака да загуби, особено не ако се подготвува за настап на ЕП, па на овој дуел во Болоња ќе бидат мотивирани двата тима. Турците вечер ќе бидат без младата ѕвезда Арда Ѓулер, кој ќе се приклучи подоцна, а имаат и непријатна традиција против Аѕурите, од кои примаа по три гола на последните две соочувања и не ги победиле никогаш во 11 пресметки. Најубедливата победа на Италија над Турција од 6-0 била пред 62 години, исто така на стадионот во Болоња, каде што ќе се игра и вечерва.

Предлог тип: Т1 1+I & 1+II (2.15)

- Оглас -

Најнови вести