Романија во проблеми поради мечот со Косово, се размислува дури и за службен пораз од 3:0

Фудбалската федерација на Романија се најде во проблеми откако во квалификациите за Европското првенство 2024, се најде во група со Косово. Романија го нема признаено Косово како држава, па се постави прашањето дали треба да играат фудбалски меч со таа земја.

„Имајќи ја во предвид геополитичката ситуација, ќе водиме дијалог со Владата на Романија околу условите кога треба да го дочекаме Косово“, велат од романската фудбалска федерација.

Поранешниот министер за надворешни работи во Романија, Теодор Малешкану во гостување на една телевизија, јавно порача дека тој меч не треба да се игра.

„Косово не е признато од повеќе земји, вклучувајќи нѐ и нас. Ја немаме признаено неговата независност. Секако дека нашата фудбалска федерација треба да разговара со други земји кои имаат ист став како Романија и да се најде решение кое нема да го уништи цел систем, но и да се почитуваат работите кои се многу јасни од агол на Романија. Во Федерацијата ќе мора да најдат решение, а доколку не успеат во тоа, тогаш тоа што можеме да го направиме е да не го одиграме мечот и да загубиме службено со 3:0“, вели Малешкану.

Од фудбалски аспект, Романија доколку не го одигра мечот против Косово, не само што ќе загуби со службени 3:0 туку ризикува да биде исфрлена Федерацијата од УЕФА, поради мешање на политиката во спортот.

- Оглас -

Најнови вести