Романката Александра Јанкулеску веројатно е малку позната во спортските кругови, но таа има свој спортски сон и план како да го оствари. Романката настапуваше за Романија на Зимската олимпијада во 2018 година во брзо лизгање, но сега сака да учествува и на ЛОИ во Париз во 2024 година. Подвиг кој на малкумина спортисти им успеал – да учествуваат и на Зимска и на Летна Олимпијада.
Планот на Јанкулеску е да учествува на Летните олимписки игри во Париз следната година во велосипедизам, и тоа за канадскиот олимписки тим. За таа цел таа дошла до идеја да објавува свои разголени фотографии на мрежата ОнлиФанс, а корисниците да плаќаат за да може да ги гледаат.
„Направив профил на ОнлиФанс во 2021 година. Тоа ми помога да преживеам, да плаќам станарина, но и да ги покривам трошоците за велосипедизмот.“
'I competed at Winter Games – now I'm funding my new Olympic dream via OnlyFans' https://t.co/kchGSCFeDp
— alexandra ianculescu | OLY (@speed_skater) April 9, 2023
„Некој ми рече дека кога веќе објавувам слики во бикини, можам да отворам сметка на ОнлиФанс и да наплатам за сето тоа. Размислив, си реков зошто да не. Си дадов еден месец рок да размислам, но бев воодушевена од идејата“, вели романката.
https://twitter.com/Sefaro12/status/1619091627490033664?s=20