Романо: „Модриќ има многу понуди, но верувајте …“

Фабрицио Романо е најверодостојниот извор за трансфер-пазарот на фудбалерите, а во интерјву за шпанско радио откри што ќе се случува со кариерата на Лука Модриќ. Договорот на Хрватот со Реал Мадрид завршува за два месеца, но нов договор сè уште не е потпишан и нема најава дека ќе биде потпишан.

„Верувајте, Модриќ имаше одлични понуди од Саудиска Арабија и останатите земји од тој крај, но неговата страст да остане во Реал Мадрид е многу силна. Се очекува тој да го продолжи договорот.“

Најголем проблем околу неговиот нов договор со Реал Мадрид е одбивањето на Хрватот и покрај тоа што има 37 години да се пензионира од настапите за хрватската репрезентација. Модриќ поради големиот број натпревари, чувствува замор и често мора да паузира.

- Оглас -

Најнови вести