3.8 C
Skopje
недела, 1 февруари 2026

Ромањоли се поздрави со соиграчите, но трансферот му пропадна и останува во Лацио

Алесио Ромањоли останува во Лацио. Иако се збогуваше со соиграчите и навивачите по мечот со Лече, бидејќи имаше договор со Ал-Сад од Катар предводен од Роберто Манчини, Ромањоли сепак ќе остане во својот сегашен клуб бидејќи времето за трансфери истече.

Сè беше потпишано, но документацијата доцнеше неколку часа и немаше време Ромањоли официјално да го облече дресот на Ал-Сад. 

Сè се случи под чудни околности, пишуваат италијанските медиуми. Позадината е сомнителна, Лацио си купи уште малку време бидејќи го одложи трансферот. На крајот, даде „зелено светло“, но доцна, клубот од Катар немаше многу време да ја заврши документацијата.

Има и друга верзија, дека самиот Ромањоли е виновник што договорот пропаднал. Тој инсистирал од Лацио да ги добие ноемвриската и декемвриската плата (вкупно 600.000 евра). Во Катар требаше да заработи 18 милиони за три години. 

Лацио, пак, изгуби приближно 9 милиони евра од неуспешната продажба. Сега главно прашање е како Ромањоли пак ќе се појави пред фановите и соиграчите со кои се збогуваше. Синоќа не беше во составот, се мислеше дека ќе си оди, а сега мора да се врати во клубот со кој има лош однос и договор до 2027 година.

- Оглас -

Најнови вести