Романската химна брутално исвиркана во Приштина, следуваше фудбалска одмазда (Видео)

Романија триумфираше со 3-0 на гостувањето кај Косово и покажа дека е за класа подобар тим од нашиот сосед на кој не му помогна ниту гласната поддршка од трибините.

Публиката во Приштина гласно ја исвирка романската химна, се вееја знамиња на УЧК, и сето тоа како одмазда за ланските случувања кога во квалификациите за ЕП 2024, Романците извикуваа „Косово е Србија“ и ја исвиркаа косовската химна.

Романците ја преживеаја непријателската атмосфера, и го добија натпреварот убедливо со 3-0 што може да го сметаат за реванш за она што им се случи.

- Оглас -

Најнови вести