Романската легенда ќе биде наследникот на Инѕаги во Интер?!

Поранешниот романски репрезентативец, Кристијан Киву, е најсериозен кандидат за наследник на Симоне Инѕаги на клупата на Интер. 44-годишниот Романец цели седум години беше дел од Интер, а во екипата од Милано ја започна и тренерската кариера во 2018 година како дел од младинската академија.

Првиот ангажман во сениорскиот фудбал го имаше во Парма и успеа да избори опстанок во Серија А оваа сезона. Прв фаворит за раководството на Интер беше тренерот на Комо, Сеск Фабрегас, па откако беа одбиени се свртеа кон Виеира од Џенова, но тој има активен договор и за него треба да се плати обесштетување.

Токму затоа во прв план изби Киву, па сега останува само уште официјализација на договорот, доколку не се случи нешто непредвидено во последен момент.

- Оглас -

Најнови вести