Романската Влада им помага на спортистите, по 800 евра за најпогодените од кризата

Романската Влада донесе одлука да им помогне на спортистите што се најпогодени со кризата со Коронавирусот и тие ќе добиваат по 800 евра сè до моментот додека не почнат да се натпреваруваат.

Ова важи само за спортистите што имаат плата до илјада евра, а во моментот немаат приходи поради прекин на натпреварувањата.

Границата што е одредена е 5.500 леи, или малку повеќе од илјада евра, а помошта е 75 проценти што ја предвиде романската Влада, или секој ќе добие по 4.125 леи.

Мерката не се однесува на побогатите спортови, па на пример голем дел од фудбалерите од Првата романска лига нема да добијат помош. Тоа би се случило само ако некоја од екипите пријави дека нема да може да продолжи да се натпреварува, а засега нема најави за такво нешто.

- Оглас -

Најнови вести