Романски дефанзивец потпишува за Тотенхем за 25 милиони евра

Романскиот репрезентативец, Раду Драгушин, ќе биде ново засилување за екипата на Тотенхем. Тој игра на позицијата централен дефанзивец, а премиерлигашот за неговиот потпис ќе ѝ плати на Џенова 25 милиони евра плус дополнителни бонуси.

21-годишниот фудбалер минатото лето беше откупен од Џенова за 5.5 милиони евра од Јувентус, откако во клубот мина една сезона на позајмица. Тоа значи дека за само шест месеци Џенова ќе заработи речиси петкратко од романскиот фудбалер.

Драгушин во Италија пристигна како 16-годишен талент, а за првата екипа на Јувентус одигра само четири натпревари. Освен во Џенова, играше како позајмен и во Сампдорија и Салернитана.

- Оглас -

Најнови вести