Фудбалерите на ФЦСБ (поранешна Стеауа) ја обезбедија шампионската титула во романскиот шампионат, а се решија да направат оригинална прослава и денешниот меч против Универзитатеа Крајова се појавија облечени како суперхерои и други филмски ликови и ликови од видео игри.
Така, публиката во Букурешт можеше да ги види Супермен, Спајдермен, Хулк, Бетмен, Капетан Америка, но и Супер Марио, Џокерот, Гладијаторот, итн.