Романтична приказна – Јунакот на Исланд што ja најави сензацијата против Англија се врати во матичниот клуб

Рагнар Сигурдсон одлучи да ја заврши интернационалната кариера и на 35-годишна возраст се врати во својот омилен и матичен клуб Филкир.

Исландскиот репрезентативец беше јунакот на својата репрезентација на Европското првенство во 2016 година и стрелец на првиот гол во сензационалната победа против Англија со 2:1.

Исланд тогаш го елиминира големиот фаворит во осминафиналето, па потоа загуби од Франција со 5:2. По голот што го постигна во јуни против Англичаните, веднаш реагираше Фулам и во август го купи Сигурдсон.

Рагнар играше и за Филкир, кој му е матичен клуб, потоа и за Гетеборг, Копенхаген, Краснодар, Рубин Казањ, Ростов и за Рух во Украина, па сега се врати во својот клуб од детството.

Сигурдсон одигра 97 меча за Исланд. Во квалификацискиот циклус за Мундијалот во Катар беше повикан само за премиерниот меч против Германија, но беше резерва без минутажа, па неизвесно е дали пак ќе биде во составот за дуелот со Македонија на 5 септември што ќе се игра во Рејкјавик.

- Оглас -

Најнови вести