Романтика на трибини: Дедото си ја бакна бабичката за среќа (видео)

Фудбалот во Унгарија се игра пред навивачи, но со одредени мерки за почитување на социјалната дистанца. Навивачите мора да се разделени до три седишта едни од други, па дури и оние кои доаѓаат од ист дом.

Дедото не можеше да си седи до сопругата за време на мечот, но пред да почне второто полувреме, успеа да украде бакнеж за среќа пред двајцата да заземат место. Симпатичната сцена се случи пред два дена на дуелот меѓу Диошѓер и Мезоковеш, во кое домаќините триумфираа со минимални 1-0.

- Оглас -

Најнови вести