Чаирска романтика – Брз нокаут за Шкупи, им го најави нивниот поранешен играч со гол во 32 секунда

Кристијан Стојковски немаше милост кон својот поранешен клуб Шкупи и со погодок во 32. секунда за Работнички им даде крилја на Романтичарите да најават подвиг на стадионот во Чаир.

Стојковски играше две сезони за Шкупи, а денеска го постигна еден од најбрзите голови сезонава во Првата македонска лига. Шкупи не стаса да се освести од шокантниот старт на скопското дерби, а веќе имаше и негатива од 0:2 во деветтата минута.

Вторпат мрежата на Кристијан Наумовски во деветтата минута ја затресе Никола Прелчец, а гостите имаа уште неколку шанси во првото полувреме, за комплетно да го нокаутираат кандидатот за титулата.

На останатите дуели по првото полувреме Струга води против Вардар на гости со 1:0, Пелистер дома има идентична предност против Борец, а без голови е на струмичкото дерби меѓу Беласица и Академија Пандев и на тетовското дерби меѓу Шкендија и Ренова.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести