5.8 C
Skopje
четврток, 29 јануари 2026

Романците откриваат шокантни детали за трагедијата: Дрога и алкохол во крвта на возачот на комбито?!

Седуммина навивачи на ПАОК загинаа во вторникот во страшна сообраќајна несреќа која се случи во Романија. Навивачите на клубот од Солун беа на пат за Франција, каде требаше да ја гледаат нивната екипа на мечот против Лион.

Романските медиуми пренесуваат дека анализите на крвта на возачот утврдиле присуство на алкохол, но и на психотропни супстанци како кокаин и марихуана. Според јавниот обвинител кој го води случајот, на местото на несреќата биле најдени и пакувања со бела прашкаста материја, но анализите за ова се уште се во тек, па не може да потврди за што точно се работи.

Како причина за несреќата се наведува проблеми со апликацијата „асистент за правец“, која го блокирала воланот на комбито. Сепак, романската обвинителка не даде детали за ваквите медиумски пишуваа и искази на преживеаните

- Оглас -

Најнови вести