22.8 C
Skopje
четврток, 28 август 2025

Романците преку билборди во Скопје го мотивираат селекторот на Исланд да не загуби од Македонија

Македонија за помалку од 24 часа ќе го започне историскиот меч против Исланд во Скопје. Победа на Македонија ќе значи и првпат да завршиме на второ место во едни квалификации за големо натпреварување и учество во баражот за пласман на Светското првенство.

Исланд беше селекцијата која ни помогна да „скокнеме“ на второто место во групата, откако Рибарите пред три дена одиграа 0:0 против Романија во Букурешт. По тој меч, селекторот на Исланд Арнод Видарсон изјави дека ќе се обиде и во Скопје да остане непоразен, а потоа ќе чека Романците да го почестат со пиво.

Романците не ја заборавија оваа изјава на селекторот на Исланд, па денеска во Скопје на неколку билборди поставија порака за нашите гости.

„Драг Арнод Видарсон, пивото е подготвено“, пишува во пораката на билбордот поставен од еден од спонзорите на романската фудбалска федерација.

 

- Оглас -

Најнови вести