Фудбалската репрезентација на Романија ги задржа шансите за бараж за второ место во квалификациите за СП 2026 откако ја победи Австрија на домашен терен со 1-0. Херој на Романците беше Вирџил Гита, кој постигна гол во 95-тата минута од мечот. Тој се покажа како вистински џокер, со оглед дека влезе на теренот дваесетина минути претходно.
VIRGIL GHITA 🇷🇴🇷🇴🇷🇴🇷🇴🇷🇴🇷🇴
— Foot Roumain 🇷🇴 (@FootRoumain) October 12, 2025
GOOOOOOL ROMANIAAAAA BUZZER BEATER, ASSIST IANIS HAGI
LOCKED IN, CALIFICAREA SE JOACApic.twitter.com/Kmwb0rgdLB
Данска во првото полувреме ја реши Грција постигнувајќи три гола во триумфот од 3-1. Расмус Хојлунд е во одлична форма и постигна погодок во 21-та минута, а потоа стрелаа и Андерсен и Дамсгард. Грците постигнаа почесен погодок во вториот дел преку Христос Цолис.
Полска славеше на гости против Литванија со 0-2. Шимански го отвори резултатот во 15-тата минута, а Левандовски го потврди триумфот со голот во 64-та минута.
Хрватска очекувано го победи Гибралтар со 3-0. Фрук со дебитантски гол донесе водство, па иако Ловро Мајер не реализираше пенал, Сучиќ и Ерлиќ до крајот се погрижија за убедлив триумф на Хрватите.