Ромарио: Фудбалерите денеска се многу глупави, да играв во ова време ќе дадев 2.000 голови

Еден од најдобрите напаѓачи на сите времиња, Бразилецот Ромарио го критикуваше стилот на играње на денешните фудбалери. Ромарио блескаше на Светското првенство во САД во 1994 година кога беше херојот на Кариките во освојување на мундијалското злато.

Бразилецот играше до 2008 година кога се пензионираше како играч на Америка од Рио де Жанеиро. Ромарио кој има 58 години, неодамна најави дека повторно ќе се врати на теренот и тоа со една цел, а тоа е да игра заедно со неговиот син.

Ромарио е еден од најдобрите стрелци на сите времиња. Во сениорскиот фудбал постигна 745 голови, а сега анализирајќи ја играта во денешниот фудбал вели дека ако сега бил во врвна форма, би стигнал до бројката од 2.000 погодоци.

„Денешните фудбалери се многу глупави. Само трчаат и не размислуваат. Физичките карактеристики беа важни и во мое време, но тогаш фудбалери беа технички многу подобри и попаметни. Да играв сега, сигурно ќе постигнев 2.000 голови во кариерата“, рече Ромарио.

- Оглас -

Најнови вести