Легендарниот бразилски напаѓач Ромарио во ново телевизиско гостување потенцираше дека само Пеле и Диего Армандо Марадона се подобри фудбалери од него. Бразилецот не признава дека Кристијано Роналдо и Лионел Меси се подобри од него, туку дека се на исто рамниште со него.
Ромарио со Бразил го освои Светското првенство во 1994 година, а како играч на Барселона беше прогласен за најдобар фудбалер во светот, а настапуваше и за Васко да Гама, ПСВ Ајндховен, Фламенго, Валенсија, Флуминесе, Ал-Сад, Америка и Мајами.