Роналд Араухо отпатува во Финска, утре ќе биде опериран

Уругвајскиот дефанзивец Роналд Араухо замина за Финска, каде утре ќе биде опериран од доктор Ласе Лемпаинен, објави весникот „Мундо Депортиво“.

Централниот дефанзивец го повреди мускулот во четвртфиналето на Копа Америка меѓу Уругвај и Бразил.

Од Барселона сè уште не соопштуваат колку време ќе отсуствува еден од главните играчи на тимот, но според првите прогнози, тој ќе биде надвор од терените околу четири месеци.

Ова е голем удар и за новиот тренер Ханси Флик, кој за време на подготовките не може да смета и на другиот централен дефанзивец, Пау Кубарси, кој ќе биде со олимпискиот тим на Шпанија на ЛОИ во Париз до 11 август.

Роналд Араухо преговараше со Барселона за нов договор во последните месеци, но ова отсуство може да го одложи процесот. Тој одигра 37 натпревари за тимот минатата сезона, од кои на 33 беше стартер.

- Оглас -

Најнови вести