Селекторот Карло Анчелоти не го повика Нејмар за пријателските натпревари на Бразил против Франција и Хрватска во март, а легендата на бразилската репрезентација, Роналдињо, не го криеше незадоволството поради тоа. Дури и го нападна италијанскиот стратег.
Анчелоти повика девет врвни напаѓачи, но на списокот ја нема ѕвездата на Сантос и една од најголемите легенди на оваа јужноамериканска репрезентација.
„Нејмар можеби ќе оди на Светското првенство, а можеби и не. Ако не е 100% подготвен, нема да биде таму. Ако успее да ја достигне целосната форма, можеби ќе биде повикан“, изјави Анчелоти и додаде: „Моментно не е подготвен. Како што реков, конечниот список допрва доаѓа. Нејмар мора да продолжи да работи, да игра, да ги покажува своите квалитети и да остане во добра физичка форма.“
Одлуката на Анчелоти изненади многумина, а не е исклучено големата ѕвезда да го пропушти Светското првенство.
Еден од првите што реагираше по објавата дека Нејмар не е на актуелниот список беше Роналдињо.
„Нејмар со една нога е подобар од мнозинството Бразилци во моментов. Едноставно, повеќе не уживам да го гледам Бразил како порано. Тој мора да биде во репрезентацијата за Светското првенство“, порача Роналдињо.
Неговите зборови јасно испраќаат сигнал до селекторот, иако пријателските натпревари се важни, квалитетот и влијанието на Нејмар врз тимот не смее да се игнорира.
Бразилците сега чекаат да видат дали Анчелоти ќе се премисли и ќе ја врати ѕвездата во тимот пред Мундијалот.

