Роналдињо го откри новиот дрес на Барса, а фановите се воодушевени од изгледот (Видео)

Каталонскиот гигант Барселона ги претстави дресовите за претстојната сезона, а во одличното промотивно видео се појави и легендарниот Роналдињо.

Роналдињо го претстави новиот дрес на Барселона, кој е произведен од американскиот бренд „Најки“ и кој неодоливо потсетува на дресот на Барса од сезоната 2006/07. Најголемата разлика е што грбот се наоѓа во средината наместо на левата страна од дресот, како што е вообичаено.

Исто така, дресот не е со вертикални ленти како што сме навикнати да гледаме од Барселона, туку левата страна е во сина боја, а десната во црвена. Во истите бои се и ракавите.

Под грбот се наоѓа и логото на најголемиот спонзор „Спотифај“, а првите импресии на навивачите се одлични. Тие не го кријат воодушевувањето од изгледот на дресот.

„Инспириран од наследството, патеката и корените на клубот“, порачаа од Барселона опишувајќи го дресот.

- Оглас -

Најнови вести