Тажната слика како Роналдињо со лисици на рацете го спроведуваат во суд, го обиколи светот. Бразилската фудбалска суперѕвезда ги покри рацете, за разлика од брат му Роберто, кој не се срамеше и не ги криеше лисиците.
Парагвајскиот суд одреди браќата да не ги ослободи, туку да останат во притвор. Тие беа фатени како користат фалсификувани пасоши и лични карти, и без разлика што се познати личности, особено помладиот 39-годишен некогашен најдобар фудбалер на светот, никој не е над законот.
Судијката Клара Руиз Дијаз смета дека Роналдињо и братот не треба да бидат пуштени, бидејќи постои опасност да побегнат во родниот Бразил, и да останат таму, бидејќи Бразил не ги екстрадира своите државјани. Нивните адвокати бараа домашен притвор, но тоа не беше прифатено.
Роналдињо може да остане и шест месеци во притвор, пред да се случи судењето.