Додека најголемиот дел од фудбалерите се наоѓаат во домашна изолација, некогаш најдобриот играч во светот, Роналдињо, 20-тина дена поминува во државниот затвор во Парагвај. Бразилецот беше фатен како сака да влезе во земјата со фалсификуван пасош, па му беше одреден притвор додека не дојде време за судење.
Роналдињо во затворот го прослави и 40-тиот роденден, а уште од првите денови доби шанса да ги покажува своите фудбалски мајстории меѓу затворениците. Тој веќе има и еден „трофеј“ на фудбалскиот турнир во затворот, откако екипата за која тој настапуваше победи и како награда доби печено прасе.
Сега Роналдињо повторно е забележан со фудбалски активности. Тој заедно уште со еден затвореник играат против други двајца „фудбал како одбојка на плажа“. Според прикажаното на снимката, тешко дека ќе се најде двојка која ќе ги победи Роналдињо и неговиот партнер.