Роналдињо ќе се врати од пензија и ќе игра во една од најслабите лиги во Европа

Легендарниот бразилски фудбалер Роналдињо ќе се врати од фудбалска пензија и повторно ќе го гледаме на фудбалскиот терен. Некогаш најдобриот фудбалер во светот има 40 години, а доби понуда да игра во екипата на Биркиркара од Малта.

„Постои голема можност да го доведеме Роналдињо. Преговорите се во тек и наскоро ќе биде познат епилогот. Во преговори сме со една голема корпорација која сака да инвестира во нашиот клуб и наскоро може да се случи да соработуваме со Роналдињо. Веруваме дека може да постигнеме договор“, вели директорот на Биркиркара, Михаел Валенција.

Последниот ангажман Роналдињо го имаше во 2015 година, кога настапуваше за Флуминенсе, а официјално дури минатата година најави дека оди во пензија. Доколку се случи Роналдињо да потпише со Биркиркара, тоа ќе биде можност за многуте Македонци кои се на печалба во Малта да бидат сведоци и на мајсториите на еден од најдобрите фудбалери во изминативе две децении.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести