Роналдињо: Жалам што никогаш не заиграв во ист тим со него!

Легендарниот бразилски фудбалер Роналдињо изјави дека Зинедин Зидан е фудбалерот со кој би сонувал да играл во ист тим.

Во текот на својата славна кариера, Роналдињо играше покрај многу големи фудбалери како Роналдо, Лионел Меси, но не заигра со еден од неговите идоли, со кој често ги вкрстуваше патиштата на теренот како противник, но никогаш како соиграч.

Во интервју за „Л‘екип“, Роналдињо призна дека отсекогаш имал голема почит кон Зидан.

„Отсекогаш му се восхитував на Зизу, беше елегантен, со одлична контрола на топката и феноменална визија. Посакувам да играв со него, тоа е нешто за што жалам. Тој е совршен, еден од најдобрите на сите времиња, еден од моите идоли. Исто така многу му се восхитувам и како тренер“, рече Роналдињо.



- Оглас -

Најнови вести