Поранешниот славен фудбалер Роналдињо, му се обрати на алпскиот скијач Лукас Пињеиро Братен, кој го освои златниот медал во велеслалом на Олимписките игри во Милано во 2026 година.
„Честитки за златниот медал, Лукас! Ти си извор на гордост за сите нас!“, напиша фудбалерот на социјалните мрежи.

Инаку Лукас се натпреваруваше за родната Норвешка до 2023 година, но имаше спор и реши да се повлече. Но, во март 2024 се реактивираше и почна да се натпреварува под бразилско знаме.
Вчерашната победа му го донесе на Бразил воопшто првиот медал на Зимските олимписки игри во историјата. И не само тоа, ова беше и прво злато и за цела Јужна Америка воопшто.

