Роналдињо некогаш играше за милиони евра, сега за печено прасе!

Легендарниот бразилски фудбалер, Роналдињо, кој во моментов е во притвор во Парагвај, каде чека судење за користење на лажен пасош, ќе настапи на турнир во мал фудбал во затворот. Бидејќи екипата која би го имала Роналдињо во своите редови, би била во голема предност во однос на другите, па одлучено да му се дозволи да игра, но не смее да дава голови.

Повеќе тимови се „тепале“ да го убедат Роналдињо да игра за нив. Доколку асистенциите на Бразилецот помогнат неговиот тим да победи и да го освои мини-турнирот, тогаш следува убава награда – прасе од 16 килограми!

Ете на тоа спадна некогаш најдобриот фудбалер на светот, кој некогаш заработуваше милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести