Роналдињо со двојник ги лаже навивачите

Ако некогаш го сретнете Роналдињо, треба убаво да проверите дали е навистина тој или станува збор за неговиот двојник. Поранешниот бразилски фудбалер е многу популарен низ светот, но според бразилските медиуми, кој користи двојник кој многу личи на него и всушност двојникот е тој што се среќава со фановите и им дава автограми.

Легендарниот Роналдињо вчера присуствувал на хуманитарен меч во Сао Пауло и набрзина излегол од стадионот, па веднаш влегол во автомобил кој го чекал пред стадион. Но, неколку минути подоцна, се појавил човек за кој се тврди дека е неговиот двојник и кој обиколен од фанови почнал да дава автограми.

Според медиумите, Роналдињо ги избегнува новинарите и своите фанови бидејќи го прашуваат за проблемите со судските власти во родната земја.

- Оглас -

Најнови вести