Роналдињо во затвор учи занает, можеби од тоа хоби ќе почне и да заработува

Славниот бразилски фудбалер Роналдињо и неговиот брат Роберто веќе две недели се наоѓаат во затвор во Парагвај откако беа уапсени поради влез во туѓа држава со лажни документи и сега чекаат судење на кое им се заканува опасност да бидат осудени на шест месеци зад решетки.

Ексѕвездата на Барселона и бразилската репрезентација е главна ѕвезда во затворот, таму играше и на турнир во мал фудбал, а сега бразилските медиуми објавуваат дека Роналдињо во слободното време, кое го има колку сака, се занимава со интересно хоби. Тој им се придружил на затворениците кои вршат обработка на дрво.

Дали Роналдињо ќе го научи столарскиот занает доволно добро за да може и да заработува од тоа кога ќе излезе на слобода, останува да се види. Можеби со помагање при обработка на дрвото сака само да си ги оттргне лошите мисли.

- Оглас -

Најнови вести