24.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Роналдо барал Мегваер да не биде капитен на Манчестер – Тоа е една од причините поради која е непосакуван

Кристијано Роналдо важи за еден од најдобрите фудбалери во историјата на овој спорт. Португалецот има речиси сè што може да се освои во своите витрини, а по одличната (барем за него) камбек сезона во дресот на Манчестер јунајтед, сега е непосакуван.

Неговите соиграчи ја прославиле веста кога дознале дека тој сака да си замине, а излегоа информации од соблекувалната на овој тим зошто е тоа така.

Роналдо барал од Скот Мектоминај и Маркус Рашфорд да ја подобрат својата игра и да бидат фокусирани на мечот кога тие ќе одиграле лош натпревар. Исто така Португалецот барал Хари Мегваер да не биде капитен на тимот повеќе, а лентата да отиде кај Давид де Хеа.

Останува да се види дали Португалецот во последните часови од преодниот рок ќе си замине од „Олд Трафорд“ или ќе продолжи да го носи црвениот дрес.

- Оглас -

Најнови вести