Кристијано Роналдо беше гостин на интервју кај новинарот Пирс Морган, а целиот разговор ќе излезе во текот на оваа недела. Интервјуто во кое Роналдо зборува на многу теми трае вкупно 80 минути, а разговорот е во домот на Португалецот во Саудиска Арабија.
Едно од најинтересните прашања кои излегоа како најава за интервјуто, секако, е поврзано за Лионел Меси. Морган на Роналдо му ја цитираше изјавата дадена од Вејн Руни, кој рече дека не го мрази Роналдо, но едноставно Меси е подобар играч од него. Роналдо веднаш имаше одговор за тоа и рече: „Немам проблеми со таа изјава, но јас не се сложувам. Нема да бидам скромен. Подобар играч сум од Меси“, рече Роналдо.
Роналдо ја освојуваше Златната топка петпати, а шестпати беше втор во тој избор. Меси има рекордни осум Златни топки во својата колекција, а петпати беше втор и во сите тие пет години беше зад Роналдо.
Меси и Роналдо се фудбалерите кои ги одбележаа изминативе две децении во светскиот фудбал.

                                    