Роналдо: Би потпишал утре да победи Португалија, а јас да не играм!

Капитенот на репрезентацијата на Португалија, Кристијано Роналдо, пред реваншот против Данска од Лигата на нации, рече дека би се согласил да не игра утре, но неговата селекција да победи и да се пласира на финалниот турнир.

„Се наоѓаме во тензичен момент, но не е прашање на живот или смрт. Знаеме дека треба да победиме и дека ни требаат навивачите. Верувам дека ќе биде убав ден за фудбалските фанови и треба да размислуваме позитивно. Нема друга опција. Секој мора да има амбиција за победа. Она што го видов во последните неколку дена е луѓе со наведнати глави и тоа е целосно надвор од мојот речник. Го загубивме само првото полувреме, а јас никогаш не сум загубил во првото полувреме. Не играв добро, но ние не сме компјутери, работите не одат секогаш добро. Секогаш сум подготвен да играм, знам дека утре ќе бидам подготвен физички и психички да му помогнам на тимот“, изјави Роналдо.

Најдобриот стрелец во историјата на фудбалот беше критикуван после првиот меч кој Данска го доби со 1-0.

„Критиките се за сите, играчите, персоналот, директорите… Сите сме во ист брод. Кога тимот победува, сите победуваме, а кога губи, сите губиме. Веднаш ќе потпишам Португалија да победи, а јас да не постигнам гол или да не играм. Ќе продолжам да ја поддржувам репрезентацијата и кога повеќе нема да бидам тука“, рече Роналдо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести