Роналдо: Би сакал во финалето на СП да играме против Бразил!

Во интервјуто кое му го даде на англискиот телевизиски новинар Пирс Морган, португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо искажа многу тешки зборови за некои свои соиграчи и за менаџерите Ралф Рангник и Ерик тен Хаг, кажа дека не планира наскоро официјално да стапи во брак со Георгина, со која има и деца, а призна дека сонува светска титула на Мундијалот во Катар.

„Јас и Касемиро на тренинзи се шегувавме дека може еден против друг да играме во финалето на СП. Искрено, тоа би било остварување на мојот сон. Светско првенство е најтешкото натпреварување на светот и сонувам да го освојам. Знам дека ќе биде тешко, но никој не може да ми забрани да сонувам“, изјави Роналдо.

Ако постигне гол во Катар, Роналдо ќе стане првиот фудбалер во историјата кој давал гол на пет различни светски првенства.

- Оглас -

Најнови вести