Кристијано Роналдо е најплатениот спортист во светот за годината, објави специјализираната веб-страница за спортскиот бизнис Sportico. Направена е листа на 100-те најплатени спортисти во 2025 година, на која се спортисти од осум спортови, кои се дел од натпреварувањата во 28 земји. Сите 100 најплатени, заедно заработиле вкупно 5,2 милијарди евра, а Роналдо е на врвот и тоа трета година по ред.
Португалскиот ветеран заработил вкупно 224 милиони евра во 2025 година, што е двојно повеќе од неговите најблиски „ривали“ Канело Алварез и Лионел Меси.
Роналдо заработил 172 милиони евра од Ал-Наср, а дополнителни 52 милиони од рекламирање.
На второ место е боксерот Канело Алварес со заработка од 117 милиони, а на трето место е Лионел Меси, со 112 милиони евра заработка.
Најзастапен спорт е кошарката, дури со 40-мина НБА-играчи на листата. Тие се предводени од Леброн Џејмс, кој е најплатениот кошаркар во 12 од последните 13 сезони, а заработил 110 милиони евра во годината што е зад нас.
Комплетната листа на најплатени 100 спортисти во светот за 2025 година може да ја видите ТУКА.

