Ал-Наср славеше 3-0 против Ал-Холуд во натпревар од саудиската лига, а првиот гол го постигна Кристијано Роналдо кој направи уште еден чекор кон историскиот потфат, да стане првиот фудбалер со 1.000 голови на официјални мечеви.
Голема работа околу погодокот заврши Жоао Феликс кој му асистираше на сонародникот, на Роналдо му остана рутинската завршница и спроведувањето на топката во мрежата. Голот погледнете го ТУКА.
На Роналдо тоа му беше 961-ви гол во кариерата (819-ти за клубовите, а 142 за репрезентацијата), му фалат уште 39 за да успее во намерата да направи нешто што никому порано не му успеало. Сезонава Роналдо има дадено 18 голови за Ал-Наср, од кои 17 се во првенството на Саудиска Арабија.
После оваа победа, Ал-Наср има три бода помалку од лидерот Ал-Хилал и целосно се враќа во трка за титулата.

