Роналдо челенџ е хит – Во Торино се имитира легендарниот скок од Мараси (Видео)

Во Торино моментно е најголемиот хит од таканаречените челенџи, или предизвици, а се знае, заслугата е на Кристијано Роналдо.

Непосредно пред „Пјаца Кастело“ е поставена топка со фигурата на Роналдо во скок, а височината е 2.65 метри, колку што беше измерено дека скокна Кристијано при постигнувањето на голот со глава во Џенова против Сампдорија.

Во џордановски стил, Роналдо го натскока зачудениот бек на Сампдорија, Муру, и ја заби топката во мрежата на Аудеро. Беше измерено дека височината што Кристијано ја достигнал при скокот е неверојатни 2.65 метри.

И сега токму таа граница е новиот хит челенџ, а можете да се обидете во Торино.

Погледнете.

https://twitter.com/JPeppp/status/1207601451654111233?s=20

 

- Оглас -

Најнови вести