Роналдо даде 700 гола, но колку од тие му се постигнати од пенал?

Кристијано Роналдо стана само шестиот играч во историјата на фудбалот кој стигнал до 700 голови во кариерата и им се приклучи на Јозеф Бичан, Ромарио, Пеле, Ференц Пушкаш и Герд Милер како единствени кои ја надминале оваа бројка. Јубилејниот 700-ти погодок Роналдо го даде во репрезентативниот дрес на Португалија, и тоа од пенал против Украина. На крајот тој гол не беше доволен да се избегне пораз на европскиот првак.

Низ кариерата Роналдо доби еден интересен прекар, Пеналдо. Тој прекар дојде од фактот што Кристијано секогаш ги изведува пеналите за неговиот тим. Токму и од пенал го даде 700-тиот гол.

Статистиката вели дека еден од најдобрите во историјата има постигнато дури 113 голови од пенал. Најмногу погодува со десна нога (442 гола), со лева има 129, со глава 127, а два гола има постигнато до други делови од телото.

Севилја е клубот кој е најомилен за Роналдо. Против овој тим, Португалецот има дадено вкупно 27 гола. Дури 595 голови што ги дал се внатре од шеснаесетникот, а 55 пати погодил од слободен удар. Најмногу погодоци има дадено во Примера дивисион (311), а во Лигата на шампиони е рекордер со 127 голови.

Комлетната статистика за 700-те голови на Роналдо може да ја видите на фотографијата.

 

- Оглас -

Најнови вести