-1.2 C
Skopje
петок, 9 јануари 2026

Роналдо даде гол, но не го спаси Ал-Наср од пораз

Кристијано Роналдо го постигна 958-от гол во кариерата, но не успеа да го спаси Ал-Наср од пораз (1-2) на домашен терен од Ал-Кадсија.

Ал-Наср како полека повторно да ја губи битката со Ал-Хилал на врвот на табелата во Саудиска Арабија. По овој пораз, тимот на Кристијано Роналдо има четири бода негатива во однос на лидерот Ал-Хилал.

Ал-Кадсија поведе со голот на Хулијан Кинонес во 51-та минута, а Нахитан Нандез зголеми на 0-2 во 67-та минута.

Роналдо погоди од пенал 81-та минута, но Ал-Наср немаше сили да стигне и до израмнување.

- Оглас -

Најнови вести