26.8 C
Skopje
сабота, 6 септември 2025

Роналдо даде гол за Португалија и веднаш погледна кон небото (Видео)

Португалија води убедливо со 3:0 на гостувањето кај Ерменија во меч од квалификациите за пласман на Светско првенство. Уште во првите половина час, Португалците покажаа зошто е фаворити и постигнаа три гола.

Жпао Феликс погоди за 1:0 во 10 минута, а веќе во 21 минута беше 2:0 со голот на Кристијано Роналдо. Капитенот на Португалија по постигнувањето на голот покажа дека го посветува на својот трагично загинат соиграч Диого Жота, кој летово го загуби животот во сообраќајна несреќа.

Жоао Кансело зголеми на 3:0 и јасно е дека до крајот на мечот се знае дека трите бода ќе завршат кај гостите. Кансело прослави во стилот на Жота и јасно беше дека и тој гол е посвета за прерано починатиот фудбалер.

 

- Оглас -

Најнови вести