Кристијано Роналдо и на 38 години ужива во фудбалот и доминира на натпреварите, но покажува дека знае да ужива и надвор од теренот. Португалецот беше во Дубаи да присуствува на доделување на фудбалските Глобал награди, а посетата ја искористи и за да го види островот „Jumeirah Bay“, или популарно наречен Остров на милијардерите.
Роналдо не само што го посетил островот, туку купил и луксузна вила за десетина милиони евра. Вилата уште не е целосно готова за вселување, но Кристијано веќе има свој нов имот на овој најлуксузен дел од Дубаи.
Според пишувањата, имотот е на 30.000 квадратни метри, а во вилата има шест спални соби, приватен пристап до плажа, простор за седум автомобили, спа центар, базен со поглед кон центарот на Дубаи и сместување за вработените кои сето тоа треба да го одржуваат.
Овој нов имот на Роналдо е само еден од многуте кои тој ги има. Пред една година во близина на Лисабон, купи куќа вредна 21 милиони евра.
Овие суми кои Роналдо ги троши на недвижнини не се многу големи ако се знае дека тој на годишно ниво во тимот на Ал Наср во Саудиска Арабија заработува по 250 милиони евра.