1310 Реал Мадрид – Осасуна (21 ч.)
Реал Мадрид е повеќе од фаворит, а тоа го потврдува и традицијата. Во последните 23 меча на овие два тима, Кралскиот клуб има 17 победи, а шест меча завршиле нерешено. Во овој период, 11 победи на Реал се со три или повеќе голови во мрежата на Осасуна, што значи дека може да се очекува голеада.
Предлог тип: 1-1&3+ (2.35)
6706 Ренџерс – Бриж (21 ч.)
Прв меч од плејофот за пласман во групната фаза во Лигата на шампионите. Бриж минатата сезона имаше блескави моменти во ЛШ, но сега има голем предизвик да се помине шкотскиот гигант.
Интересно е дека овие два тима само пред еден месец играа пријателски меч кој заврши 2:2, па и сега може да се очекува возбудлив дуел.
Предлог тип: 1-3 I&3+ (2.07)
3401 Млада Болеслав – Викторија Плзен (18 ч.)
Иако е гостин на овој меч, Викторија П’лзењ е голем фаворит за победа. Тоа го покажува и традицијата, па во последните осум меѓусебни дуели тимот од П’лзењ има пет победи, а трипати било нерешено.
Млада Болеслав е тимот кој сезонава започна најефикасно и во сите четири меча кои ги одигра имаше пет или повеќе голови, што е неверојатна ефикасност.
Предлог тип: 2&1+I&1+II (2.13)
6044 Црвена ѕвезда – Пафос (21 ч.)
Српскиот првак ја има фаворитската улога, но Пафос е најпријатното изненадување летово во квалификациите од Лигата на шампионите. Првакот на Кипар ги елиминира Макаби Тел Авив и Динамо Киев (три победи и едно реми).
Цврстата одбрана е најсилното оружје на Пафос и досега прими само еден гол во четирите дуели од ЛШ. Црвена ѕвезда кога играла дома, победувала многу посилни ривали од Пафос и едноставно треба да биде скршен отпорот на гостите.
Предлог тип: 1&2-4 (2.70)
5263 Ал-Наср – Ал-Итихад (14 ч.)
Роналдо ја започнува третата сезона во дресот на Ал-Наср, а денеска е во очекување конечно да го освои првиот трофеј. Во Суперкупот на Саудиска Арабија, Ал Наср ја има фаворитската улога против Ал-Итихад.
Минатата сезона Ал-Итихад победи во двата меча во првенството, а интересно е дека последните четири меѓусебни пресметки се со многу голови на двете страни, што значи дека може да се очекува ново шоу.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.76)