Кристијано Роналдо повторно веќе втор меч по ред ќе биде резерва за Португалија, откако селекторот Сантош и денеска не го вклучи во стартниот состав против Мароко во четвртфиналето на Мундијалот што ќе се игра од 16 часот.
Гонсало Рамош кој постигна хет-трик во минатата рунда против Швајцарија во убедливата победа од 6:1 пак доби предност пред Роналдо.
https://twitter.com/selecaoportugal/status/1601572528513634304?s=20&t=FqGoh4piLvM72U55mScE3A
Кристијано се бунтуваше, протестираше, а дури имаше најави и дека ќе си замине од Катар, ако не биде пак стартер, но и тоа не му помогна.
Од 16 часот Португалците се фаворити во третото четвртфинале, откако вчера Хрватска го елиминира Бразил на пенали, а истото го стори и Аргентина против Холандија, па победниците ќе играат утре од 20 часот во првото полуфинале на СП.
Португалија, или Мароко ќе играат во второто полуфинале со победникот од дуелот меѓу Франција и Англија што ќе се игра денеска од 20 часот.