Роналдо доаѓа во Иран, а тамошниот народ е лут поради една привилегија што ќе ја добие Португалецот

Фудбалерите на Ал-Наср  во вторник ќе гостуваат на иранскиот Персеполис во рамките на азиската Лига на шампиони, а во јавноста се појавија бурни реакции и тоа поради нефудбалски момент.

Ал-Наср ќе биде предводен од Кристијано Роналдо, а гостинските фудбалери ќе добијат посебна привилегија со тоа што ќе добијат посебни СИМ картички со кои ќе имаат неограничен пристап на интернет.

Режа Дарвиш кој е претседател на Персеполис, на државната телевизија изјави дека само оние кои сакаат „да го уништат иранскиот углед“ зборуваат за тоа дека фудбалерите нема да може нормално да користат интернет.

„Зборував со директорот на нашата најголема телекомуникациска компанија и му реков дека сакам на сите фудбалери да додели СИМ картички со неограничено користење на интернет“, изјави Дарвиш.

Интернетот во Иран е многу ограничен и блокиран е пристапот на десетина илјади страници, вклучувајќи ги и социјалните мрежи како Фејсбук и Инстаграм. Овие блокади Иран ги воведе минатата година кога беа организирани масовни протести по смртта на Маша Амини. Таа одлука за блокирање на интернет страните, влестите во Иран ја оправдаа дека се работи за „национална сигурност“.

- Оглас -

Најнови вести