15.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Роналдо доби „корпа“ и од Наполи – Останува во Манчестер барем до јануари

Кристијано Роналдо нема да го напушти Манчестер јунајтед во овој, летен преоден рок. Обидот за негова продажба пропадна откако Наполи реши да не влезе во преговори со тимот од „Олд Трафорд“ на инсистирање на агентот Жорж Мендеш.

Со тоа, Роналдо ќе го гледаме барем до јануари во црвениот дрес, по што повторно ќе има обид за негова продажба, доколку не дојде до некоја драстична промена во ситуацијата.

Мендеш ги нудеше услугите на сега веќе легендарниоиот фудбалер на: Милан, ПСЖ, Атлетико Мадрид, Спортинг Лисабон, Баерн Минхен, Челзи како и Наполи, но сите тие одбија да преговараат.

Кристијано со Манчестер јунајтед има договор до крајот на оваа сезона.

- Оглас -

Најнови вести