6.8 C
Skopje
сабота, 7 февруари 2026

Роналдо доби „шлаканица“: Тој е само вработен кој заработува огромни пари и ако не почитува, треба да си замине

Кристијано Роналдо веќе неколку дена бојкотира и не играше на последните два меча на Ал-Наср. Португалецот е незадоволен од трансфер политиката на клубот и фактот дека ниту едно звучно засилување не е донесено во зимскиот преоден рок, за разлика од контирентите кои се засилија.

И Без Роналдо, Ал-Наср победи на двете среди и остана на второто место на табелата со само еден бод зад лидерот Ал Хилал, што значи дека има реални шанси да се бори конечно да биде освоен првиот трофеј во ерата на Кристијано.

И додека навивачите и соиграчите му дадоа целосна поддршка на Роналдо, познатиот тамошен новинар Валид Ал-Фарај јавно го искритикува Португалецот и му порача:

„Роналдо треба да знае каде му е местото. ова е Саудиска Арабија, а не Роналдова Арабија. Тој тука е само вработен. Заработува огромна сума на пари, повеќе од било кога што заработувал во Европа. Затоа, треба да ја почитува оваа лига или да си оди“.

Легендарниот Португалец за три години во Ал Наср одигра 127 меча во кои постигна 111 голови, а има и 22 асистенции. Пред два дена, Роналдо наполни 41 година, но уште без проблем парира и на двојно помладите на теренот.

- Оглас -

Најнови вести