33.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Роналдо доби трофеј поради кој многумина му се смеат (Фото)

Кристијано Роналдо уште еднаш покажа дека е фудбалер за големи натпревари, па овојпат беше стрелец на единствениот гол за победа на Ал-Наср против Ал-Шорт. Со овој триумф, Ал-Наср се пласира во финалето на Азискиот куп на шампиони, а Роналдо очекувано беше прогласен за најдобар играч на мечот.

Голот за победа Роналдо го постигна во 75-тата минута од пенал, а потоа ја доби и наградата наменета за најдобриот на средбата. Многумина забележаа дека мини трофејот што го доби како награда многу наликува на трофејот кој се му доделува на шампионот на Светското првенство во фудбал.

Многумина симпатизери на Лионел Меси не пропуштија шанса да го задеваат Роналдо поради овој трофеј.

- Оглас -

Најнови вести