38.8 C
Skopje
понеделник, 11 август 2025

Роналдо доби жолт картон, а многумина сметаат дека неправедно му поништија погодок (Видео)

Манчестер јунајтед одигра само 0:0 на „Олд Трафорд“ против Њукасл во меч од 11-тото коло во Премиер лигата, а домашните навивачи беа разочарани кога во еден момент од второто полувреме судијата поништи еден погодок на Кристијано Роналдо.

Судијата во еден момент досуди офсајд во корист на Њукасл, а гостинскиот голман требаше да ја врати топката во игра. Во еден момент еден гостински фудбалер ја допре топката, а тоа го забележа Роналдо.

Португалецот полека се доближи до топката и ја „украде“ пред гостинскиот голман, погодувајќи во празната мрежа. Сепак, судијата го поништи овој погодок, а на Роналдо му даде жолт картон затоа што според арбитерот, голманот бил тој што требало да ја почне играта.

- Оглас -

Најнови вести