Роналдо додека им аплаудираше, на фановите им ја откри својата фудбалска иднина (ВИДЕО)

Голема е дилемата околу тоа дали Кристијано Роналдо и следната сезона ќе го гледаме во дресот на Манчестер јунајтед.

Роналдо игра фантастично во првата сезона по камбекот во овој тим, но останатите негови соиграчи целосно потфрлија. Веќе неколку недели се шпекулира за иднината на Кристијано Роналдо откако стана јасно дека Манчестер нема шанси да игра во Лигата на шампионите, па затоа Португалецот може да си бара и нов тим.

Тој има уште една сезона од договорот, а по вчерашната средба против Брентфорд тој им аплаудираше на присутните на „Олд Трафорд“, додека истовремено се обрати кон камерата и кажа: „не сум завршил“, алудирајќи дека и следната сезона ќе го гледаме во дресот на Манчестер јунајтед.

- Оглас -

Најнови вести