Роналдо му донесе нова победа на Ал-Наср и стигна до 960-тиот гол во кариерата (Видео)

Кристијано Роналдо не планира да сопре. Португалецот вечерва постигна еден гол за Ал-Наср, а неговиот тим на крајот славеше со 2:1 на гости кај Дамак, во меч од првенството на Саудиска Арабија.

Damac 0 – [2] Al Nassr – Cristiano Ronaldo 50′
byu/yoursofunnybruv insoccer

Според официјалната статистика, ова е 960-ти погодок за Роналдо во професионалната кариера. Сега му недостасуваат точно 40 погодоци за да ја стигне магичната бројка од 1.000 погодоци.

Ал-Наср со оваа победа стигна до 37 бода од 16 меча и е на второто место на табелата, зад лидерот Ал-Хилал, кој има 41 бод од 15 одиграни натпревари.

- Оглас -

Најнови вести