Роналдо донесе одлука, останува во Саудиска Арабија

Кристијано Роналдо, денеска потврди дека планира и следната сезона да настапува во шампионатот на Саудиска Арабија, во екипата на Ал-Наср.

„Навистина сакав да освојам трофеј годинава, но не успеавме. Останувам со позитивни мисли и сигурен сум дека ќе се променат работите бидејќи одиме во вистинскиот правец. Веруваме во тоа и ќе продожиме да работиме заедно. Среќен сум тука и сакам да продолжам да го носам дресот на Ан-Наср“, изјави Роналдо.

Португалецот во зимскиот преоден рок потпиша за Ал-Наср од кого ќе добие неверојатни 500 милиони евра за две и пол години.

Тој за саудискиот тим одигра 19 натпревари на кои постигна 14 гола, а имаше и две асистенции, но титулата ја освои екипата на Ал-Итихад.

- Оглас -

Најнови вести